Macedonia

Macedonia

Помогнете да се заштитат европските цицачи и донирајте сега!

Европската фондација за цицачи го започна долгорочниот и обемен проект „Европските цицачи на карта“ и ве повикува да донирате за да се постигнат проектните цели.

Целите на проектот се:

1. Да се утврди распространувањето на околу 270 видови цицачи во Европа, на површина од 11.442.500 km2, и преку стекнатите информации, да се публикува второто издание на Европскиот атлас за цицачи во 2024 година. За секој вид од овој атлас ќе има репрезентативна фотографија во боја, карта на распространување, како и краток текст со интересни информации за видот кои ќе бидат напишани од страна на експерт. Сознанијата за распространувањето на видовите се клучни за нивната понатамошна заштита.

2. Во исто време би сакале да го поттикнеме интересот за научни истражувања за цицачи во Европа.

Со проектот управува Раководна група сочинета од 11 научници и надлежни лица за управување со проекти за зачувување на природа, кои ја координираат работата на националните координатори од 42 земја. Националните координатори ја надгледуваат работата на државно ниво, а таа главно се однесува на прибирање информации за цицачи. Илјадници луѓе низ Европа придонесуваат за собирање податоци за цицачи.

Оттука, итно е потребно спонзорство за набавка на материјали, како фотозамки и тунели за траги (footprint tunnels), со цел да утврди присуство на ситни цицачи и да се покријат останатите трошоци. Ова е особено важно за поддршка на научниците во земјите каде таква поддршка од владиниот сектор речиси и да нема, а се работи за земји со исклучително висока биолошка разновидност на цицачи. Дел од овие цицачи се вклучени во листите на загрозени видови.

Доколку сакате да помогнете да се заштитат европските цицачи, донирајте сега!

Help to protect Europe’s mammals by

Scroll to top